Пол Мескал, Џозеф Квин, Бери Кеоган и Харис Дикинсон: Фото / VALERIE MACON / AFP / Profimedia

Објавено кои актери ќе ги глумат членовите на „Битлси“ во четирите биографски филмови на Сем Мендес

Актерската екипа за четирите претстојни биографски филмови за „Битлси“ е официјално објавена. Харис Дикинсон ќе го игра Џон Ленон, Пол Мескал ќе го игра Пол Макартни, Бери Кеоган ќе го игра Ринго Стар, а Џозеф Квин ќе го игра Џорџ Харисон.

Режисерот Сем Мендес потврди дека сите четири филма ќе бидат прикажани во април 2028 година, пишува „Гардијан“.

„Не снимаме само еден филм, правиме четири. Можеби ова е можност да ги разбереме малку подобро“, рекол Мендес.

Тој ги нарече и најважниот бенд на сите времиња.

„Со години се обидував да снимам филм за Битлси, но на крајот се откажав. Приказната беше преголема за еден филм, а јас не сакав да снимам серија. Мора да има начин да се раскаже епска приказна за новата генерација“, рекол Мендес и додаде дека има уште многу да се истражува за нив.

Овој проект го има благословот на Мекартни и Стар и семејствата на Џон Ленон и Џорџ Харисон, а тоа е првпат тие да имаат дозвола и од „Епл корпс“, компанијата која управува со Битлси.

Мендес исто така е режисер и добитник на Оскар, а некои од неговите најпознати филмови се  „Скајфол“ за Џејмс Бонд,  „Американска убавина“ и „1917“.

Битлси се формирани во 1960 година, а се распаднаа во 1970 година. Тие го сменија текот на музичката историја со нивните хитови, а за нив се снимени и бројни документарни филмови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот