Објавени се само дел од пораките, се истражува и УЈП и други институции, вели Коцевски

Објавените пораки се само дел од доказите коишто ги има обвинителството и во нив има уште десетина инкриминирани дејствија, постапката не е затворена не само за Управата за јавни приходи туку и за други институции, вели републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски откако во документарниот филм на ИРЛ беа објавени пораки, односно комуникација меѓу синот на сопственикот на кочанската дискотека со братот на претседателката на Кривичниот суд Даниела Димовска и други инспектори во кои тие им најавуваат инспекции и од кои може да се види дека добивале подароци и позициите ги користеле за резервирање маси.

-Јавното обвинителство уште од почеток постапуваше по поднесена кривична пријава меѓутоа Јавното обвинителство водеше и предистражна постапка и во однос на сите останати други институции што значи дека во моментот на подигање на обвинение немаше докази во однос на инспектори на УЈП. Меѓутоа предистражната постапка беше отворена веднаш и таа уште трае со тоа што завршување на обвинението не значи дека заврши и постапката за Кочани затоа што, и вчера имав состанок со обвинителите и овие податоци што беа изнесени од Истражувачката репортерска лабораторија не се ништо нов. Сите овие пораки се испратени до одбраната и судот ги имаше и МВР, меѓутоа тоа се многу малку пораки во однос на она што обвинителството располага во моментов. Таму има уште десетина инкриминаирани дејствија. Постапката воопшто не ниту затворена не само на УЈП туку и за други институции и тука она што беше кажано беше избрзано имајќи истражувачите не побараа информација од Јавното обвинителство – вели Коцевски.

На прашањето дали овие лица се дел од предистрагата Коцевски вели дека таа е тајна но додава „можете да насетите дека предмет на предистрага не се само овие туку и повеќе други институции“.

Коцевски кажа дека за постапката за полициските службеници што се води во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, работи само еден обвинител. Тој не ги коментира изјавите на премиерот Христијан Мицкоски кој вчера кажа дека не е задоволен од работата на обвинителството и вели дека тој ќе продолжи да работи чесно и професионално.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот