Објавени се најпребаруваните термини на „Википедија“ во 2023 година

Фото: Michaela Jílková / Česká ilustrační fotografie / Profimedia

Милиони ширум светот се обраќаат до бесплатната онлајн енциклопедија „Википедија“ за полесно да го разберат светот околу нив, а секоја година, се објавуваат податоците кои ги покажуваат најпребаруваните термини во годината, пишува „Еуроњус“.

За оваа 2023 година најпребаруваниот термин е „Четџипити“ (ChatGPT), кој на англиската верзија од платформата имал речиси 50 милиони прегледи.

Јазичниот модел базиран на вештачка интелигенција (ВИ) изминатава година привлече многу влијание, а истовремено и контроверзии и загриженост за иднината на човештвото со вакви системи кои полека започнуваат да ги менуваат луѓето во работни задачи кои досега ги вршеа исклучиво луѓе.

„’Четџипити’ е една од генеративните алатки за вештачка интелигенција која е обучена за податоци на ‘Википедија’, извлекувајќи големи количини содржина од проектите на ‘Википедија’ за да одговори на прашањата на луѓето. Значи, фактот што милиони луѓе одат на ‘Википедија’ за да дознаат за ‘Четџипити’ е еден интересен пресврт“, рече Ануша Алихан, главен директор за комуникации во Фондацијата „Викимедија“.

Вториот најчитан термин на „Википедија“ оваа година била годишната листа на смртни случаи, која секоја година се наоѓа во врвот на овие годишни листи. Големо внимание имаат привлечено и познатите личности кои починаа годинава, меѓу кои и Метју Пери и Лиза Мари Присли.

Англиската „Википедија“ собра повеќе од 84 милијарди прегледи оваа година, според бројките објавени од Фондацијата „Викимедија“, непрофитната организација која стои зад бесплатната, јавно уредена онлајн енциклопедија.

Оваа листа на 25 најпопуларни термини била изработена со податоци заклучно со 28 ноември. Бројките за целата 2023 треба да бидат ажурирани од непрофитната организација на 3 јануари 2024.

Инаку, онлајн-енциклопедијата започна со работа во јануари 2001 година, како бесплатна ризница на податоци која се надополнува и одржува од заедница на волонтери низ целиот свет.

Ова е листата на 25-те најпребарувани термини на „Википедија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот