Фото: EPA-EFE/NOUSHAD THEKKAYIL

Објавени кандидатите за признанието „Лауреус“

Објавени се номинациите за наградата Лауреус која традиционално се доделува за најдобрите спортисти во претходната година.

Оваа година за престижното признание ќе се борат велосипедистот Тадеј Погачар, шпанскиот тенисер, Карло Алкараз, светскиот шампион во скок со стап, Арманд Дуплантис, пливачот Леон Маршан и Макс Ферстапен.

Во женска конкуренција битка за наградата ќе водат: Гимнастичарката Бајлс, фудбалерката Бонмати, тенисерката Сабаленка и атлетичарките Сифан Хасан, Фејт Кипјегон и Сидни Меклафин.

Ќе потсетиме, претходно организаторите објавија дека Јаник Синер поради суспензијата од три месеци нема да конурира за признанието.

Синер поради допинг скандалот исфрлен од изборот за спортист на годината

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот