Фото: EPA/Mario Guzman

Објавени цените на билетите за финалето на Светското фудбалско првенство во 2026 година

Најскапите билети за финалето на Светското фудбалско првенство во 2026 година чинат 6.730 долари, додека најевтините се 2.030 долари, објавува „Атлетик“. Цените за групната фаза се движат од 60 до 620 долари, а за првиот натпревар во Мексико, од 745 до 1.825 долари.

ФИФА соопшти дека билетите за турнирот следното лето ќе бидат пуштени во продажба во САД, Канада и Мексико. Првите среќни добитници ќе бидат избрани по пат на лотарија и ќе бидат известени по е-пошта. Според извештаите, поднесени се 4,5 милиони апликации.

Најскапите билети за натпреварите од групната фаза, освен натпреварите во кои учествуваат САД, се на стадионите во Инглвуд, Сан Франциско и Њу Џерси. Навивачите можат да купат билети за една од четирите категории.

Категорија 1: од 410 до 620 долари;

Категорија 2: од 310 до 465 долари;

Категорија 3: од 140 до 215 долари;

Категорија 4: од 60 до 105 долари.

Цените за финалето на Светското првенство во Њу Џерси се следниве:

Категорија 1: 6.730 долари;

Категорија 2: 4.210 долари;

Категорија 3: 2.790 долари;

Категорија 4: 2.030 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот