Путин и Си Џипинг Пекинг фото: ЕПА

Обидите на Западот да ја внесе Украина во НАТО се причина за „украинската криза“, порача Путин од Кина

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на Самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во кинескиот мегалополис Тиенџин изјави дека „обидите на Западот да ја внесе Украина во НАТО се една од причините за украинската криза“.

Путин нагласи дека кризата во Украина не произлегла од „инвазија“, туку како резултат на државен удар во Киев, поддржан од западните сојузници на Украина.

Тој додаде дека ги цени напорите на Кина и Индија за надминување на кризата.

Рускиот претседател соопшти дека со лидерите на земјите од ШОС разговарал и за неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска на 15 август.

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска ги собра лидерите на Русија, Индија, Турција и Иран, како и повеќе евроазиски лидери, на самит кој треба да ја позиционира Кина во центарот на геостратешката конкуренција.

Состанокот, кој се опишува како најзначаен од формирањето на ШОС во 2001 година, се одржува во услови на бројни кризи што директно ги засегаат нејзините членки: трговската конфронтација на САД со Кина и Индија, војната во Украина и иранскиот нуклеарен спор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот