Profimedia
Фото: Профимедиа

Обидете се да ослабнете со „Палента диета“ која трае само 4 дена

Иако овој режим на исхрана е исклучително краток, доколку правилно се придржувате кон него, тој ќе ви помогне да го започнете процесот на слабеење, како еден вид на вовед, пред подолготрајната диета за која веќе сте се одлучиле претходно

Вишокот килограми освен естетски, претставуваат и сериозен здравствен проблем. Токму затоа, обидете се час поскоро да изнајдете соодветно решение за решавање на ваквата состојба.

Внимавајте да не се разочарате на самиот старт

Доколку веќе сте се одлучиле за одреден начин на исхрана кон кој планирате да се придржувате подолг временски период, потребно е да изнајдете начин како најлесно да го подготвите телото за она што му следува. Доколку од т.н. редовен начин на исхрана, веднаш телото го „подлегнете“ на исцрпувачка диета, резултатите ќе бидат разочарувачки а вие многу брзо ќе се откажете.

Тому затоа, обидете се четири дена да се придржувате кон т.н. Палента диета, со чија помош ќе го започнете процесот на слабеење а истовремено нема да чувствувате глад. Овој режим на исхрана е краток и затоа немојте да очекувате дека драматично ќе го намалите вишокот на килограми.

Пченкарно брашно

Фото: Профимедиа

Иако поголемиот број на диети, речиси во целост ги исклучуваат житариците од исхраната, кога станува збор за пченкарното брашно, според нутриционистите, ваквата практика воопшто не би била во ред.

Според нивниот став, токму во процесот на слабеење, пченката и пченкарното брашно, мора задолжително да бидат вклучени, бидејќи со нивен внес во телото се обезбедува потребната количина на јаглехидрати. Исто така, оваа храна е добра да се јаде, бидејќи со неа воопшто не би качиле ниту еден грам повеќе, што реално ќе се случило доколку се јаде бело брашно. Покрај тоа, во составот на пченкарното брашно, содржани се и голем број на други важни витамини и минерали кои му се потребни на секој човечки организам.

Висока концентрација на витамини и минерали

 

Фото: Профимедиа

Имено, токму пченкарното брашно е богат извор на витамините од групата Б, а ги содржат и витамините E и K, потоа растителни влакна, каратеноиди, 18 аминокиселини и есенцијални минерали, како што е железото, магнезиумот, фосфорот, калиумот, манганот и селенот.

Исто така, пченкарното брашно не само што е здраво, тоа помага и во одржувањето на здравјето на вашата кожа, коса и на ноктите.

Во само една шолја пченкарно брашно, има два милиграми цинк, што е за 25 отсто од препорачаната дневна доза за внес кај жените и 18 отсто, од препорачаниот дневен внес кај мажите.

Пченкарното брашно исто така помага и за намалување на високиот крвен притисок, го намалува холестеролот, ја омекнува тврдата столица, го штити дебелото црево од појава на одредени заболувања…

Фото: Профимедиа

Трајна промена во вашиот начин на исхрана

Иако овој начин на исхрана ќе ви помогне да се одвикнете од постојан внес на мрсна и калорична храна, богата со шеќер, сепак до трајни промени на вашиот изглед би дошло само во случај на трајна промена во вашиот начин на исхрана. Сепак, доколку сте подготвени да направите нешто за себе и тоа да започнете токму со Палента диетата, во тој случај треба да се придржувате кон овие дадени правила:

Прв ден:

300 грама палента, домат, краставица, јаболко и 2 литри вода.

Овие намирици можете да ги комбинирате онака како што вам ви одговара и да ги поделите во два или три оброка.

Втор ден:

400 грама палента, домат, краставица, јаболко и два литри вода. (Првиот и вториот ден оброците треба да ви бидат исти).

Трет ден:

500 грама палента, 300 грама зелена салата, 200 грама салата од свежа зелка, 2 моркови, една лажичка маслиново масло, малку лимонов сок, 2 литри вода и 3 шолји зелен чај. Овие намирници поделете ги на три или на четири оброка во зависност од тоа колку сте гладни.

Четврти ден

600 грама палента, 300 грама зелена салата, 200 грама салата од свежа зелка, 2 моркови, една лажичка маслиново масло, малку лимонов сок, 2 литри вода и 3 шолји зелен чај. Овие намирници поделете ги на три или на четири оброка во зависност од тоа колку сте гладни.(третиот и четвртиот ден треба да ви бидат идентични).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот