
Обид за убиство во Ѓорче Петров: Жена сакала со перница да ја задуши бабата на сопругот
Скопското Обвинителство поведе постапка против 28-годишна жена осомничена за обид за убиство. Пред два дена, во домот на улицата „Борис Бојаџиски“ во скопската населба Ѓорче Петров, таа се обидела да ја убие бабата на својот сопруг, со која живее во семејна заедница, наведуваат од ОЈО.
Препорачано
Според информациите од Обвинителството, додека 87-годишната баба одморала во една од собите, снаата ја заклучила вратата, седнала врз неа и со перница врз главата се обидела да ја задуши, во исто време удирајќи ја со тупаници по главата. Престанала кога мислела дека ја убила и за тоа му кажала на сопругот, кој веднаш повикал полиција.
Бабата била пренесена во болница, каде ѝ биле констатирани нагмечување на главата и вилицата, како и хематоми.
До судот доставен е предлог за определување мерка притвор за насилничката.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6мин
-
20мин
-
22мин
-
25мин
-
27мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5