
Обична прошетка се претворила во неверојатно откритие: Жена пронашла 2.000 монети стари 900 години во Чешка
Неименувана жена решила да се прошета во шумата, во близина на градот Кутна Хора во Чешка, а потоа случајно пронашла непроценливо богатство старо 900 години.
Препорачано
Повеќе од 2.000 сребрени монети, познати како денари, биле зачувани во оштетена керамичка тегла. Научниците го нарекоа откритието „едно од најзначајните во последните 10 години“.
„Веројатно се оставени во шумата, во првата четвртина на 12 век, кога во земјата владееше политичка нестабилност. Во тоа време членовите на кралската династија Пшемисловичи се бореа меѓу себе, сакајќи да го добијат тронот во Прага“, рекол археологот Филип Велимски.
Сопственикот ги сокрил монетите во керамички сад, но никогаш не ги подигнал. Неговиот идентитет останува непознат, а научниците истакнуваат дека не можел да биде кој било.
„За жал, ни недостигаат податоци за куповната моќ на преминот од 11 до 12 век. Меѓутоа, количината на монети кои беа пронајдени имала огромна вредност во тоа време и билљ незамислива за обичен човек. Можеме да го споредиме со добивката на милиони на лотарија“, додал Велимски.
Областа околу градот Кутна Хора е позната по античките битки, а таму во минатото марширале разни војски, пренесува „Популар механик“.
Експертите веруваат дека монетите најверојатно биле наменети да ги платат војниците или биле еден вид „воен плен“.
Првите анализи покажуваат дека се направени на повеќе локации низ денешна централна Бохемија. Научниците открија легура на сребро, која вклучува бакар, олово и други метали во трагови.
Иако веројатно никогаш нема да ја дознаат нивната вистинска цел или потекло, експертите се решени да откријат што е можно повеќе детали. По анализа и реставрација, колекцијата ќе биде изложена како илустрација на чешката историја од 12 век.