
Нутриционистка советува: Седум видови намирници кои можат природно да го намалат шеќерот во крвта
Освен лековите, на нивото на шеќер во крвта може да се внимава и на поприроден начин, со консумирање здрави намирници кои може да помогнат во контролата на нивото на шеќер. Ако имате проблеми со шеќерот или едноставно сакате подобро да се грижите за здравјето, можеби некои (или сите) од овие намирници би требало почесто да ги вклучувате во исхраната.
Препорачано
Нутриционистката Тара Колингвуд за порталот „Јаде го ова, не тоа“ (Eat This, Not That) ги издвоила најдобрите прехрамбени опции кои често треба да бидат на менито ако сакате подобро да го контролирате шеќерот.
„Ниту една намирница нема да делува како лек или инсулин и во истиот момент да го намали шеќерот во крвта“, објаснува таа.
Сепак, консумирањето одредени видови намирници може да помогне, односно таквите намирници не го креваат шеќерот во крвта толку брзо и помагаат да се ублажи наглиот пораст на гликозата.
Бобинки
Бобинки треба да јадете од многу причини, а една од нив е и контролирањето на нивото на шеќер во крвта.
„Боровинките, јагодите и малините содржат антиоксиданти и растителни влакна кои ја забавуваат апсорпцијата на шеќерот“, истакнува нутриционистката.
Можете да ги додадете во јогурт или во овесна каша или едноставно да уживате во нив како здрава и вкусна овошна ужина и замена за слатки полни со шеќер.
Јаткасти плодови и семиња
Јаткастите плодови и семките исто така можат да помогнат во намалувањето на шеќерот во крвта. Како што објаснува нутриционистката: „Бадемите, оревите, чија семето и лененото семе се богати со здрави масти и растителни влакна, што помага во спречувањето на нагли скокови на шеќерот во крвта“.
Лиснат зеленчук
Колингвуд советува често консумирање зелен зеленчук за што е можно постабилен шеќерот во крвта.
„Спанаќот, кељот и блитвата имаат малку јаглехидрати и богати се со влакна, кои помагаат во регулирањето на нивоата на шеќер во крвта“, вели нутриционистката.
Најдобро би било да ги јадете секој ден или барем неколкупати неделно.
Авокадо
Освен овие намирници, нутриционистката препорачува и консумирање авокадо. Како што објаснува, авокадото е „богато со здрави, мононезаситени масти и влакна. Авокадото помага во стабилизирањето на нивоата на шеќер во крвта“.
Јајца
Една од важните намирници што е добро да се консумира се јајцата, познати како одличен природен извор на протеини. Колингвуд истакнува за јајцата: „Богати со протеини, малку јаглехидрати и полни со здрави масти, јајцата го забавуваат варењето и можат да спречат нагли скокови на шеќерот во крвта“.
Грав и леќа
Гравот и леќата се уште една група на намирници кои треба редовно да ги јадете.
„Полни се со влакна и протеини, кои ја забавуваат апсорпцијата на шеќерот во крвотокот“, истакнува нутриционистката.
Цимет
Циметот е зачин кој не треба да го игнорирате.
„Истражувањата покажаа дека ја подобрува чувствителноста на инсулин и го намалува нивото на шеќер во крвта по оброкот“, заклучува Колингвуд.
Како можете лесно да додадете цимет во вашата исхрана? Посипете го на овесна каша, јогурт или додадете го во чај или кафе.