Фото: Pexels / Mark Stebnicki

Нутриционист објаснува: Како редовната консумација на праски може да влијае на вашето здравје

Праските се едно од омилените летни овошја на многу луѓе – тие се сочни, слатки и освежителни. Освен што се вкусни, праските имаат и здравствени придобивки. Нутриционистката Џејми Ли Мекинтајр истакнува дека праските нудат голем број здравствени придобивки што одат подалеку од само вкус.

„Тие содржат корисни хранливи материи кои го поддржуваат здравјето на срцето, го намалуваат воспалението и помагаат во регулирањето на шеќерот во крвта“, истакнува таа за порталот „Итигн вел“.

Подобрување на варењето

Праските се добар извор на диететски влакна – праската со средна големина содржи околу два грама влакна, и растворливи и нерастворливи.

„Растворливите влакна ги хранат корисните бактерии во цревата, додека нерастворливите влакна помагаат да се започне варењето“, објаснила Мекинтајр.

Редовното консумирање праски затоа може да придонесе за поредовно и поздраво варење.

Намалување на воспалението

Хроничното воспаление е поврзано со многу болести, а праските содржат хранливи материи како бета-каротен, антоцијанини и лутеин, како и витамин Ц.

„Овие соединенија ги штитат клетките од оксидативен стрес, што може да придонесе за развој на разни болести“, додала Мекинтајр.

Повеќето од корисните супстанции се наоѓаат во кората на праската, па затоа е најдобро да се консумира нелупена.

Помага во намалување на крвниот притисок

Праските се богати со калиум, минерал кој помага во неутрализирање на негативните ефекти на натриумот и ги опушта крвните садови.

„Покрај калиумот, тие содржат витамин Ц, влакна и бета-каротен, комбинација која го поддржува здравјето на срцето и може да го намали крвниот притисок и да го подобри нивото на холестерол“, истакнал Мекинтајр.

Го регулира шеќерот во крвта

И покрај нивниот сладок вкус, праската со средна големина содржи околу 15 грама јаглехидрати, значително помалку од, на пример, јаболко, кое содржи околу 25 грама. За луѓето со дијабетес, праските можат да бидат одличен избор, особено кога се комбинираат со извори на протеини и здрави масти, кои дополнително го забавуваат зголемувањето на шеќерот во крвта.

Го штити видот

Бојата на праските доаѓа од каротеноиди како што се бета-каротен, лутеин и зеаксантин, кои се исто така моќни антиоксиданси. Високиот внес на лутеин и зеаксантин е поврзан со помал ризик од катаракта и макуларна дегенерација, водечки причини за губење на видот кај постарите возрасни лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот