фото: kfshkendija.com

Нухиу пред реваншот во Кардиф: Ми се допаѓа кога функционираме како тим, така сме посилни за секој противник

В четврток од 20.45 часот на Кардиф Сити стадионот (капацитет, 33,280) во Кардиф ќе се игра реваншот од првото квалификациско коло во Конференциската лига помеѓу Хаверфордвест и Шкендија.

Тетовските „црвено-црни“ имаат минимална предност од 1:0 и останува да се види дали ќе биде доволна за пласман во второто квалификациско коло.

Тренерот на Шкендија, Ардијан Нухиу на прес конференцијата ги сподели очекувањата во пресрет на возвратниот дуел против Велшаните.

– Лично јас сум задоволен од тимот на првиот натпревар. Нема простор за критики бидејќи момците одиграа навистина добар меч. Ми се допадна победничкиот менталитет, но ми се допадна и создавањето на осум шанси во Европа кога бевме пред голманот. Но, недостасуваше само смиреност, додека за в четврток дефинитивно ќе барам од тимот смиреност, важно е да се пласираме во следното коло, а би било уште поубаво тоа да го направиме со победа. Ми се допаѓа кога функционираме како група, како тим, така сме посилни за секој противник – вели Нухиу.

Потсетување дека победникот од овој двомеч во следната фаза ќе игра против подобриот од пресметката Б36 Торшавн (Фарски Острови) – Паиде (Естонија). На првиот дуел во Фарски Острови немаше погодоци (0:0).

– Нормално и стадионот е дополнителен мотив, но пред сè самите европски купови се многу голем мотив за еден фудбалер, бидејќи таму ги открива своите вредности. Секој од нас е фокусиран да го дадеме максимумот за да постигнеме позитивен резултат за тимот, но и за нас самите, бидејќи е познато дека европските купови се гледаат од сите страни. Да бидам искрен, и асистирањето и голот за мене се исти. Се надевам дека едно од двете ќе се случи, но дури и да не асистирам, некој друг може да асистира, некој друг исто така може да постигне гол, бидејќи најважно е да победиме на реванш натпреварот и да се најдеме во второто коло – се зборовите на фудбалерот на Шкендија, Ералд Чинари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот