Фото: КФСМ

Новото раководство на кошаркарската федерација размислува за промена на името

Кошаркарската федерација информираше дека новото раководство на чело со претседателот Томица Главчев започнало иницијатива за остранување на придавката „Северна“.

Од сите спортски федерации единствено кошаркарската го промени името и ја додаде придавката во времето н Перо Антиќ.Македонска кошаркарска федерација или Национална кошаркарска Федерација, биле новите имиња кои биле предложени како опции.

„Новото раководство, на чело со Претседателот на КФСМ, Томица Главчев, побараа размислување од членовите на Управниот Одбор за промена на називот на Федерацијата“, стои во објавата на Кошаркарската федерација.

Останатите одлуки кои беа донесени на вчерашниот состанок на Управниот одбор можете да ги прочитате – ТУКА.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот