
Новости од Клиника „Жан Митрев“: Отворен Центарот за мајка и бебе во Клиника „Жан Митрев“
Родилиште според највисоки стандарди во Македонија.
На повеќе од 800 метри квадратни, опремен со најсовремена апаратура, од 15 октомври годинава започна да работи Центарот за мајка и бебе во Клиника „Жан Митрев“. Новиот оддел на Клиниката располага со две родилни сали, соби за будење, операциона сала, шест инкубатори и четири соби-апартмани, неонатолошка, гинеколошка ординација и ординација за прегледи. Центарот за мајка и бебе овозможува мултидисциплинарен пристап со сите потребни капацитети, апаратура и персонал да одговори пред, за време и во постпородилна фаза, како и за сите потреби поврзани со мајката и бебето.
Препорачано
Тимот на доктори го предводи примариус д-р Љупчо Петровски – гинеколог акушер, супспецијалист перинатолог, а дел од тимот се и спец. д-р Ирена Андонова –гинеколог акушер, спец. д-р Ненад Лазаров – гинеколог акушер, спец. д-р Владимир Кижески – гинеколог акушер, спец. д-р Виолета Николов – гинеколог акушер, д-р Весна Деловска – специјалист педијатар неонатолог, специјалист д-р Лилјана Николиќ – педијатар неонатолог и други.

„Отворањето на Центарот за мајка и бебе е заокружување на нашата цел, создавање комплетен здравствен центар и интегрирана клиника со сите услуги на едно место. Создадовме породилен центар со единствен концепт, што е и инвестиција во македонското здравство, така што со услугите ќе придонесе за подобрување и унапредување на породилната практика во нашиот здравствен систем. Со ова ја комплетираме инвестицијата од 5 милиони евра, што ја започнавме со нова опрема, унапредување и проширување на постојните оддели, отворање неколку комплетно нови оддели и ангажирање врвни доктори специјалисти“, истакна д-р Жан Митрев.
Центарот за мајка и бебе, располага со најсовремената опрема од врвни светски производители и искусен медицински тим, кои ќе бидат на располагање во центарот во секое време и грижа за мајката и бебето во сите фази од бременоста и по неа. Областите во кои ќе дејствува центарот ги опфаќаат сите три тримесечја од бременоста, спроведување на дијагностичките испитувања, ХСГ лабораторија, генетски испитувања како амниоцинтеза, хорионбиопсија, ултразвучни и неинвазивни пренатални тестови.
„Применуваме сеопфатна едукација пред и по породувањето, вклучување на семејството во грижата и негата за родилката и за новороденчето. Во овој Центар грижата за мајката и бебето е комплетна и на располагање 24 часа. Лекарот во кого е стекната доверба пред породувањето, односно оној што ја водел бременоста, ќе биде сигурно достапен, односно присутен на самиот чин на раѓање“, потенцира доктор Лазаров, специјалист гинеколог акушер.

Центарот започнува со следење на трудниците уште во првиот триместар, менаџирање патолошки состојби во бременоста, безбедно и безболно породување, и адекватно следење во постпарталниот период. Неонатолошкиот оддел е опремен со најсовремена опрема и искусен медицински персонал, кој работи со интердисциплинарен пристап обезбедувајќи комплетна педијатриска грижа за новороденото.
Центарот за мајка и бебе, веќе ги прими првите пациентки и подготвен е да ги згрижи мајката и бебето во сите фази од бременоста и по неа.
А за поголема достапност, по повод отпочнувањето со работа на Центарот, креирани се специјални пакети без скриени трошоци.
Експертскиот тим на Клиника „Жан Митрев“ ви стои на располагање. За закажување термин или за информација јавете се на тел. 02/3091-484
(Комерцијален ПР текст)