Ново зеленило за инклузивното игралиште во Карпош

Денеска, во Карпош, „зазелени“ и инклузивното игралиште во  населбата Влае 2. Раззеленет е просторот од почетокот на инклузивното игралиште во Влае 2, до платото „Делфина“. Засадени се нови, ниско украсни грмушки од типот „BUXUS“ и „JUNIPERUS“.  Исто така,  со цел да се обезбеди поголема безбедност на најмладите, поставена е и заштитна ограда. Ова е уште една зона за рекреација, наменета за најмладите и нивните родители, баби и дедовци, велат од општина Карпош, и додаваат дека нов детски парк  неодамна е направен и во Криви Дол, а тековно се санираат и постоечките детски игралишта.

Од општината повикуваат на правилно користење на реквизитите на сите игралишта, и водење грижа за заштита на животната средина и урбаната опрема (клупите и корпите за отпадоци).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот