Фото: Принтскрин - ЈуТјуб

Ново видео од потонатиот брод „Титаник“: Важни детали 110 години по трагедијата

Океанскиот брод удри во санта мраз од десната страна што отвори смртоносна „дупка“, дозволувајќи им на моќните ледените води на Атлантикот да го потонат бродот. Потона за нешто помалку од три часа, а околу 1.500 луѓе ги загубија животите бидејќи чамците за спасување не биле доволни да се спасат сите луѓе на бродот.  За трагедијата да биде уште поголема чамците за спасување биле полнети со двојно помалку луѓе од што било дозволено.

„Титаник“  потона на 15 април 1912 година и остана познат 110 години по трагедијата, помогнат од блокбастерот на Џејмс Камерон од 1997 година.

Се појави најновата снимка од потонатиот Титаник и покажува нешто што луѓето досега не го виделе. Истражителите кои го снимиле го нарекоа најдоброто видео од потонатиот брод досега. За прв пат бродот бил пронајден по 73 години откако удрил во ледениот брег што го потопил, а за тоа е заслужен еден  пензиониран офицер на американската морнарица и професорот по океанографија д-р Роберт Балард.

Деновиве тимот на „Ocean Gate Expeditions“ објави неверојатни 8K видеа на нивниот канал на YouTube, откривајќи го познатиот лак, сидро и други карактеристики на бродот.

„Еден од најневеројатните клипови покажува еден од поединечните котли кои паднале на дното на океанот кога Титаник се скршил на два дела во 1985 година“- истакнал Рори Голден од „Ocean Gate Expeditions“.

Снимката од „Ocean Gate Expeditions“ ги покажува остатоците и брзината на тонењето на бродот, но некои од карактеристиките на „Титаник“  сè уште се препознатливи за луѓето ширум светот.


Еден од нив е ознаката „Noah Hingley & Sons“ врежана на сидрото. Голден додаде:

„Возбудливо е што, по толку многу години, можеби откривме нов детаљ што не беше толку очигледен со претходните генерации на технологии за камера“- истакнал Голден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!