Фото: Instagram/ Amber Heard

Ново поглавје за Амбер Херд: Поранешната на Џони Деп го смени името и почнува одново во Шпанија

По прилично турбулентниот период во нејзиниот живот и разводот со актерот Џони Деп, со кој беше на суд, актерката Амбер Херд започнува нов живот во Мадрид, Шпанија, пишува „Еуровикли њуз“.

Амбер наводно го сменила своето име во Марта Џејн Канари, вистинското име на Каламити Џејн, познатата каубојка од Дивиот Запад.

Исто така, се претпоставува дека таа го променила своето име поради анонимност, а мештаните велат дека често ја гледаат како шета низ паркови и игралишта, како пие кафе и поминува време со нејзината ќерка Уна Пејџ.

Оние кои ја виделе наоколу ја опишуваат како дружељубива, пристапна и што е најважно опуштена. Во моментов не е јасно дали планира да се врати на актерството или да проба нешто сосема ново, пренесува порталот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот