
Ново насилство во Белград: Поранешна ученичка со кујнски нож нападна ученик и професорка во средно училиште
Со кујнски нож повреден е ученик (16) во приватното училиште „Руѓер Бошковиќ“ во Белград и една професорка (44), која се обидела да го спречи нападот, пренесуваат српските медиуми. Нападот го извршила поранешна ученичка на ова училиште.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Полицијата во моментов е со девојката и во тек се консултации со дежурниот обвинител.
Таа денеска дошла да ги посети своите поранешни пријатели, па во еден момент извадила мал кујнски нож.
Наставничката и го одзела ножот, и во таа прилика добила расекотина.
Пред училиштето шокирани родители ги чекаат децата. Тие се тресат и плачат.
„Ми се јави син ми и ми рече веднаш да дојдам на училиште, дека во училиштето има повеќе од 20 полицајци, дека од другарка слушнал оти девојка избодела професорка по историја, а потоа почнала да брка другар“, вели една мајка.
Друга мајка наведува дека полициско возило возело на улицата со вклучени ротациски светла.
„Помислив дека повторно е лажна пријава како што утрово се случи во Калуѓерица и во Обреновац. Не го сфатив ова сериозно, но за минута или две, поминаа најмалку пет полициски возила со вклучена ротација. Не знаев што се случува, но кога дојдов, дознав дека девојката побегнала и дека ја бараат“, раскажува преплашената мајка.
По денешниот инцидент Младен Шарчевиќ, поранешниот Министер за образование изјави дека никој не бил сериозно повреден во инцидентот.
Шарчевиќ изјавил дека на професорката малку и ја пресекла раката кога го одземала ножот.
„Девојката имала некои психички проблеми, нејзините родители не го пријавиле ова при уписот. Дипломирала на училиште во октомври. Денеска дојде да го види друштвото, во миг извади помал кујнски нож и почна да мафта со него. Наставничката брзо реагирала и и го одзела ножот“, изјавил Шарчевиќ.
Девојката која се обидела да ги повреди другарите била уапсена веднаш по пријавата, а пред училиштето има голем број полицајци.
По вчерашната трагедија многу родители излегле на местото на настанот ,стравувајќи да не се повтори нешто слично како вчерашниот масакр, кога ученик уби 8 ученици и еден чувар во едно белградско училиште.
ВИДЕО | Соученици за убиецот од Белград: Тој е жртва на врсничко насилство, постојано го малтретираа