Ново истражување: Овие раси на кучиња се повеќе склони кон рак

Фото: Pexels/Ivan Babydov

Истражувачите открија кои раси на кучиња имаат поголема веројатност да заболат од рак, а резултатите ја побиваат идејата дека најголемите кучиња имаат поголем ризик од оваа болест. Било откриено дека големите, но не и најголемите, раси генерално имаат најголем ризик од рак, според студијата објавена во „Ројал сосаети опен саенс“, пренесе „Еј-би-си“.

Истражувачите се обидоа да разберат како се појавува оваа подмолна болест, како се иницира и поставија конкретни прашања за тоа како тој почеток е поврзан со расите на кучиња, изјави Леонард Нани, еволутивен биолог од Универзитетот во Калифорнија, Риверсајд и главен автор на студијата.

Кај луѓето, шемата покажува дека како што телото станува поголемо, се очекува да биде повеќе склоно кон рак. Но, оваа теорија не важи за најдобриот пријател на човекот, покажува истражувањето.

„Има кучиња од секакви големини – од чивава до мастиф. Значи, има огромен опсег на големини. Бидејќи големите кучиња имаат тенденција да умираат на многу помлада возраст, тие всушност имаат помал ризик од развој на рак од кучињата со средна големина. Едноставно, тоа е затоа што умираат помлади“, изјави Нани.

Куче, лето, плажа, ретривер
Фото: Vadym Drobot / Alamy / Alamy / Profimedia

Некои од расите кои се најподложни на рак се ретриверите со рамно влакно, бернските планински кучиња и вести. Ретриверите со рамно влакно обично развиваат некој вид сарком, редок рак кој често се развива во коските и меките ткива.

Повеќето териери, особено шкотскиот териер, имаат поголема веројатност да развијат рак. Поради нивната големина, до скоро постоеше поинакво мислење. Териерите имаат поголема инциденца на рак на мочниот меур, рече Нани.

Добрата вест е дека не многу раси се склони кон рак.

Резултатите од студијата даваат увид во бројот на генетски мутации кои предизвикуваат рак кај кучињата и покажуваат дека иако инбридирањето во потеклото на расата го скратува животниот век, тоа воопшто не го зголемува ризикот од рак.

Моделот користен во студијата може да се примени и во иднина за да се утврди дали расите стануваат се поподложни на одредени видови на рак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот