Новиот тренер на Ѓоковиќ освои над 50 титули: Најдобра можна одлука за Новак и Србија

Новак Ѓоковиќ и Ненад Зимоњиќ/фото: EPA-EFE/BIANCA DE MARCHI

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ деновиве е во Монте Карло каде го очекуваат нови предизвици во кариерата. Со него е и поранешниот селектор на српската тениска репрезентација Ненад Зимоњиќ, а иако нема официјални потврди дека ќе се приклучи на неговиот тим, тоа е сигурно.

Многумина веруваат дека на сопственикот на 24 грен слем титули не му е потребен ниту тренер во оваа фаза од кариерата, сепак времето ќе покаже. Самиот Горан Иванишевиќ смета дека во моментов не постои подобра личност која би влијаела на Новак со своето искуство и тениската филозофија.

Искусниот ас сепак може да биде добар спаринг партнер, а на важноста на оваа соработка, макар и краткотрајна, ја зголемува и фактот што Олимписките игри додатно даваат на значење.

Зимоњиќ како играч освои над 50 титули во машка и мешана конкуренција, а на 17 ноември 2008 година дојде на врвот на АТП листата во конкуренција на двојки. Вкупно, тој помина 50 недели како број 1 во кариерата.

Заедно со канадскиот тенисер Даниел Нестор, тој го освои Вимблдон во 2008 и 2009 година, Ролан Гарос во 2010 година, шампионатот во финалето на АТП во 2008 и 2010 година, како и голем број други АТП титули со него и други партнери. Во мешани двојки, тој ги освои Австралија опен во 2004 и 2008 година, Ролан Гарос во 2006 и 2010 година и Вимблдон во 2014 година.

Зимоњиќ е рекордер по бројот на мечеви за српската репрезентација, по бројот на настапи и победи во парови. Извесен период беше и играч и селектор на репрезентацијата. Заедно со соиграчите ја освои титулата во Дејвис купот во 2010 година.

Како селектор ја предводеше репрезентацијата на Србија во освојувањето на премиерниот АТП куп во 2020 година, победувајќи во финалето против Шпанија со резултат 2:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот