
Новиот тренд ги плаши лекарите: Младите масовно го тријат лицето со кора од банана, еве зошто
Најновиот тренд, кој стана популарен првенствено меѓу членовите на генерацијата Зет, звучи како шега од комедија, но корисниците на социјалните мрежи веруваат дека функционира.
Препорачано
„Сè за убавина“, водени од оваа мисла, луѓето уште од античко време наоѓаат различни начини да изгледаат убаво и привлечно, честопати без да ги земат предвид можните последици од методите што ги користат за да ја постигнат посакуваната цел.
Дека нештата денес не се поинакви покажува најновиот тренд кој на социјалните мрежи го промовира генерацијата Зет. Станува збор за метод кој ги згрози здравствените експерти, пишува „Супержена“.
Кога станува збор за убавината, изгледот на кожата на многу луѓе им е многу важен, па затоа вложуваат многу време и труд во грижата за своето лице и тело. Тие често се потпираат на интернет советите и се подготвени да пробаат различни методи.
Најновиот тренд за нега на лице звучи како шега, но корисниците на социјалните мрежи се убедени дека функционира. Инфлуенсерите собраа илјадници прегледи и лајкови предлагајќи им на луѓето да користат кора од банана за пилинг, триејќи ја на лицето.
Оние кои го промовираат овој тренд тврдат дека нивната кожа станува посветла благодарение на антиоксидантите во овошјето, нарекувајќи го еден вид „природен ботокс“.
Сепак, експертите предупредуваат
Сепак, експертите ја отфрлија оваа идеја. Освен тоа, некои предупредуваат дека може да предизвика иритација на кожата и појава на акни. Експертот за нега на кожа, д-р Дејв Рајли, главен научник во „Absolute Collagen“, се осврна на новиот тренд и изрази сомневање за неговата ефикасност.
Иако јадењето банани може да биде добро за вашата кожа, еден од најновите трендови на Тик-Ток вклучува и триење на лицето со лушпата.
Овој тренд произлегува од тврдењата дека кората од банана содржи лутеин, антиоксиданс кој може да ја осветли кожата и да ја намали појавата на фини линии и брчки.
Други видеа на социјалните мрежи сугерираат дека кората од банана ќе делува и како пилинг на кожата. Иако е точно дека кората од банана го содржи овој антиоксиданс, таа нема да се апсорбира преку кожата со директно нанесување.
„Исто така, концентрацијата на лутеин во лушпата не е доволно висока за да има значаен ефект“, објаснува д-р Рајли.
Тој не ја минимизираше важноста на добра рутина за нега на кожата, но истакна дека трендовите на Тик-Ток често шират неточни информации наместо факти засновани на податоци.