арктурус коронавирус Фото: Christian Ohde / imago stock&people / Profimedia 0765726074-750x500

Новиот сој на коронавирусот потврден во Словенија: Брзо се шири, ова се симптомите

Најновите податоци од Националната здравствена лабораторија во Словенија покажуваат дека меѓу примероците позитивни на коронавирус, кои се секвенционирани помеѓу 24 март и 7 април, ја потврдиле и новата подваријанта на омикрон XBB.1.16. односно арктурус. Новите симптоми како чешање, конјунктивитис и висока температура се појавуваат таму каде што веќе е откриена варијантата, но досега не се забележани сериозни компликации.

Според Светската здравствена организација (СЗО), најновата подваријанта е слична на доминантната  варијанта на омикрон XBB.1.5., но има „дополнителна мутација во протеинот на шилецот, а во лабораториските студии е утврдено дека е позаразна и попатогена“, објави СЗО.

Иако тоа може да значи дека би можело да се шири побрзо, нема индикации дека ќе предизвика потежок тек на болеста, додаваат тие.

XBB.1.16., односно, арктурус предизвикува многу проблеми во Индија, каде што бројот на активни случаи постојано се зголемува во последните недели.

Во некои делови од земјата повторно е воведено задолжителното носење маски, а тамошниот министер за здравство повика на помасовни тестирања и превентивни мерки во болниците.

Педијатар во Индија и поранешен шеф на Одделот за имунизација на индиската академија за педијатрија, Випин Вашишта, забележал меѓу симптомите кај децата појава на нови симптоми, главно висока температура, кашлица и конјунктивитис кој чеша, без гној, но со „леплива очи“. Ова не беше забележано во претходните варијанти.

 


СЗО во мартовскиот извештај рече дека арктурус станал доминантен вид во Индија, но техничката водачка на СЗО за ковид-19, Марија Ван Керхове, предупреди дека не е забележана промена во сериозноста на случаите кај поединци или кај населението.

 


Нагол пораст поради споменатата подваријанта е забележан и во САД, Канада, Сингапур, Австралија и Јапонија. Меѓу другите, откриен е во Данска, Германија, Шпанија, Холандија и Шведска, како и во Италија.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот