
НОВИ ПРОМЕНИ НА ФЕЈСБУК: Најпопуларната социјална мрежа добива специјален дел за вести
Социјалната мрежа Фејсбук ќе воведе специјална секција за вести наречена „News tab“ на својатa мобилна апликација, каде ќе ги прикажува насловите на вестите кои ќе ги бираат новинарите, додека издавачите ќе бидат платени за користењето на нивниот материјал, пренесе „Б92“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Можеби најпопуларната социјална мрежа долго време беше во спор со издавачите на вести кои се жалеа дека Фејсбук има корист од споделувањето на нивните вести за кои досега не плаќаше.
Ова е потенцијално голем чекор за платформата која веќе долго време се соочува со тешкотии во искоренувањето на дезинформациите и неподготвеноста да потпишува договори со издавачите, пишува „АП“.
Во делот на вестите ќе бидат вклучени наслови од „Волстрит журнал“, „Вашигтон пост“, „Базфид њуз“, „Бизнис инсајдер“, „Ен-Би-Си“, „Ју-Ес-Еј тудеј“ и „Лос Анџелес тајмс“, како и наслови од неколку локални медиуми на најголемите американски градови. Новата секција треба да започне со работа во следниот период.
Преку Фејсбук ќе може да се видат само насловите на вестите, а кога корисникот ќе кликне на насловот ќе биде пренасочен на вебсајтот или на апликацијата на издавачот, доколку таа е инсталирана. Тоа е всушност, она што го бараа издавачите од Фејсбук минатите години.
Фејбук не сакаше да каже кој колку ќе биде платен, наведувајќи само дека ќе им плаќа на издавачите за пристапот до содржините.