фото: EPA-EFE/Yoshua Arias

Новак Ѓоковиќ ќе игра во полуфиналето на турнирот во Дубаи

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на турнирот во Дубаи, откако во мечот од третото коло го совлада Хуберт Хуркач од Полска со 6:3, 7:5.

Во нивниот петти меѓусебен дуел, првиот светски рекет го постигна петтиот триумф над 11 играч на АТП листата по уште една одлична партија, во која покажа дека неговата форма значително се подобрува како што напредува турнирот.

Во вториот сет, со одлични сервиси, двајцата играчи не дозволуваа брејк, но Ѓоковиќ на крајот успеа да го одземе сервисот на противникот во 11 гем и веднаш потоа да стигне до триумфот.

Србинот во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од дуелот во кој играат Русинот Данил Медведев и Борна Чориќ од Хрватска.

Во второто полуфинале ќе играат Германецот Александар Зверев и Андреј Рубљов од Русија кој лани го освои трофејот во Дубаи. Зверев со 7:5 и 6:4 го совлада Италијанецот Лоренцо Сонего, додека Рубљов со 6:3 и 7:6 (3) беше подобар од Холанѓанецот Ботик Ван Де Зандшулп.

Ѓоковиќ минатата година беше елиминиран во четвртфиналето во Дубаи, па со денешниот пласман во полуфиналето дојде до бодови кои ќе го зацврстат на првото место на АТП листата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот