Новак Ѓоковиќ ја започна 415 недела на врвот на АТП листата

Новак Ѓоковиќ/фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ остана на врвот на најновата АТП листа објавена денеска, 415 недела ја започна на првото место и со тоа продолжи да го зголемува сопствениот и светски рекорд.

Ѓоковиќ има моментно 9,675 поени, 870 повеќе од второпласираниот Шпанец Карлос Алкараз (8,805).

Водечкиот тандем го следат Италијанецот Јаник Синер (8,270), следат Данил Медведев (7,715) и Андреј Рубљов (5,010).

Германецот Александар Зверев (4,950) е на шестата позиција, пред Данецот Холгер Руне (3,720) и Полјакот Хуберт Хуркач (3,405 поени).

Норвежанецот Каспер Руд напредуваше за две позиции и сега е деветти (3,405), додека првата десетка во светот ја комплетира Австралиецот Алекс де Минор (3,210).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот