фото: EPA-EFE/MICHAEL DODGE

Новак Ѓоковиќ ја одби понудата на Рожер Федерер

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не ја прифати понудата на Рожер Федерер да учествува на Лејвер купот.

Британскиот „Мирор“ наведува дека Швајцарецот, како еден од организаторите на турнирот, сакал да го види Ѓоковиќ во Сан Франциско во тим со Карлос Алкараз.

Српскиот ас се заблагодарил на понудата, но рече дека сака да помине повеќе време со своето семејство.

Ѓоковиќ не играл на Лејвер купот од 2022 година, а беше дел од Тимот Европа во 2018 година, кога беше подобар од Тимот на светот.

Да потсетиме дека во 2023 година, Федерер изрази надеж дека Ѓоковиќ повторно ќе игра на Лејвер купот. Желбата на Федерер не се исполни оваа година, а турнирот се одржува од 19 до 21 септември во Сан Франциско.

Каспер Руд, Флавио Коболи и Јакуб Меншик ќе играат во Тимот Европа покрај Алкараз. Од другата страна на теренот, во Тимот на светот ќе настапат Рајли Опелка, Алекс Микелсен, Жоао Фонсека и Тејлор Фриц.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот