
Нова убедлива победа на Пелистер против Работнички, мајсторка ќе го одлучува полуфиналистот
Кошаркарите на Пелистер низ доминантна игра во второто полувреме дојдоа и до втора убедлива победа против Работнички, овој пат од 85:67, за израмнување во четвртфиналната серија на 2:2.
Препорачано
На тој начин битолскиот клуб се избори за мајсторка преку која ќе се обиде да дојде до полуфиналето од плејофот во Првата македонска кошаркарска лига.
Натпреварот во салата „Боро Чурлевски“ почна со подобра игра на гостите кои успеаја да наметнат ритам за водство од стартот и да дојдат до предност од 18:6 во првата четвртина. Но, играчите на Пелистер навлегоа во позитивен ритам за да на крајот од првиот период на играта, сепак, се доближи до 22:17.
Втората четвртина помина максимално израмнета за да на полувремето се замине со предност на Работнички од пет поени (44:29).
Во второто полувреме Пелистер одигра многу подобро, низ триумфален чекор воден од Стајиќ, Галовеј и Антоан дојде до комплетен пресврт за влез во последната четвртина со предност од 61:54.
А, во последниот период од играта се играше низ сосема идентичен стил само за дополнително зголемување на предноста, на крајот и за конечна победа од +18 поени разлика (85:67).
Галовеј беше најдобриот поединец во таборот на Пелистер со „дабл-дабл“ од 15 поени и 15 скокови, додека Стајиќ запиша 21 поен и пет скокови. На спротивната страна за скопскиот тим Рош реализираше 17 поени и осум скокови.
– МКК Куманово обезбеди полуфинале
Кошаркарите на МКК Куманово обезбедија пласман во полуфиналето кои по трет пат го го совлада Кожув овојпат со 82:67 за 3:1 во серијата.
За триумфот најзаслужен беше Луковиќ со 25 поени (13 скокови), додека за Кожув како прв стрелец се истакна Вилсон со 17 поени.
Противник на МКК Куманово во полуфиналната фаза ќе биде актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром.