Нов случај на голема кашлица

Пријавен е нов случај на голема кашлица во периодот од 28 март до вчера, еден повеќе од претходниот седмодневен период, кога немаше пријавено случаи, информираат денеска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

– Случајот е од Куманово, од возрасната група од 10 до 14 години и невакциниран со вакцина што содржи компонента на пертусис. Случајот не е хоспитализиран – појаснуваат од ИЈЗ.

Во периодот 2024/25 година, заклучно со вчерашниот ден, на територија на државава, регистрирани биле вкупно 1.186 лица заболени од голема кашлица.

Според податоците, највисока инциденца од 265,1/100.000 жители се регистрира во Кратово, во Скопје – 137,2/100.000 и 103,3/100.000 во Куманово.

Од ИЈЗ потсетуваат дека епидемијата на територија на град Скопје е сè уште во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот