Нов скандал ја тресе Барселона/ фото: EPA/ALBERT OLIVE

Нов скандал во Барселона: Човекот кој ги „создаде“ Чави, Иниеста е обвинет за сексуално злоставување на деца

Барселона ја игра една од најлошите сезони во последните 30-тина години, а сега се најде во центарот на нов скандал откако еден од тренерите во академијата Ла Масија е обвинет за злоставување на 60 деца.

Алберт Бенаижес беше тренер во младите категории на Барселона од 1991 до 2003 година, а на почетокот од месецов си даде оставка од позицијата тренер во Ла Масија, наводно поради приватни причини.
Но, медиумите откриваат дека Бенаижес си заминува поради обвиненијата, наводно тој сексуално злоставувал 60 деца.

Шпанските власти вчера покренаа истрага против Бенаижес кој „создаде“ легенди на Барселона како Чави Ернандез, Андрес Иниеста…

– Алберт ми беше тренер и никогаш во ништо не сум се посомневал. Многу сум изненаден и во исто време сум во шок. Сите го сакаме Алберт и секогаш имавме добри односи со него. Првиот систем ќе мора да одлучи дали обвиненијата се точни или не – изјави Чави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот