Блејк Лајвли и Џастин Балдони во филмот „Ова завршува со нас“ / Фото: Sony Pictures / Everett / Profimedia

Нов пресврт во судската битка: Блејк Лајвли ги отфрли тврдењата дека Џастин Балдони ѝ предизвикал емоционална болка

Актерката Блејк Лајвли се обидува да се повлече од две обвинувања кои ги поднесе против режисерот Џастин Балдони, со кого заедно глумеше во филмот „Ова завршува со нас“ (It Ends With Us), објавен минатото лето. Тие двајца се вплеткани во правен спор уште од декември 2024 година, кога Лајвли го тужеше Балдони, обвинувајќи го за сексуално вознемирување и клеветничка кампања, пишува Би-би-си.

Како што пренесува списанието „Вараjети“, тимот на Балдони побарал актерката да ги предаде своите медицински податоци, вклучително и белешки од психотерапија, како дел од одбраната од нејзините тврдења дека претрпела „тешка емоционална болка, понижување и срам“.

Лајвли сега се обидува да се откаже од тужбите за намерно и ненамерно предизвикување емоционална болка, но судот допрва треба да одлучи дали ќе ги отфрли обвинувањата или ќе ја принуди актерката да ја открие документацијата поврзана со нејзиното ментално здравје.

Правниот тим на Балдони, во поднесоци до судот, навел дека адвокатите на Лајвли ги известиле дека актерката ги повлекува обвинувањата за емоционално страдање. Но, истите истакнале дека Лајвли одбила тоа да биде со трајно повлекување, што значи дека постои можност повторно да ги поднесе.

Адвокатите на Лајвли за „Вараети“ изјавиле дека поднесокот на Балдони е „медиумски трик“ и дека нивниот правен тим го поедноставува и фокусира случајот.

„Стратегијата на Балдони и неговата продукциска компанија ‘Вејфејр’, со поднесување контратужби, ги изложи на нови штети според законите на Калифорнија, што ги прави дел од првичните тужби на Лајвли непотребни“, рекоа нејзините адвокати.

Сцена од филмот „Ова завршува со нас“ / Фото: Profimedia

Тие нагласија дека Лајвли и понатаму тврди дека претрпела емоционална болка, но сега тоа е вклучено како дел од други обвинувања – како што се сексуално вознемирување, одмазда, и барање за значајни парични надоместоци.

Во јануари оваа година, Џастин Балдони поднесе контратужба против Лајвли и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс, обвинувајќи ги за граѓанска уцена, клевета и повреда на приватноста.

Филмот „Ова завршува со нас“ е адаптација на истоимената книга на Колин Хувер. Во него, Лајвли ја глуми Лили Блум, млада жена која пораснала гледајќи семејно насилство, само за години подоцна и самата да се најде во слична ситуација.

Минатиот месец, пејачката Тејлор Свифт беше повикана да сведочи во суд во Соединетите Американски Држави, откако беше наведено дека го охрабрувала Балдони да прифати измени во сценариото предложени од Лајвли. Правниот тим на Свифт изјави дека таа нема никаква поврзаност со изборот на актери или креативните одлуки, и дека никогаш не видела монтажа од филмот, ниту пак дала коментари.

Повикувањето на Свифт беше повлечено по две недели, откако нејзините адвокати се спротивставија дека тоа претставува неоправдан обид за прибирање на информации без основа, пренесува „Варајети“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!