Сцена од филмот „Ова завршува со нас“ / Фото: Profimedia

Нов пресврт во правната битка на Блејк Лајвли и Џастин Балдони: По Тејлор Свифт во сагата вовлечен и Хју Џекмен

Судската битка помеѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони доби нов пресврт. Откако пејачката Тејлор Свифт беше вмешана во нивната сага, сега се споменува и името на уште една позната ѕвезда.

Конфликтот меѓу Блејк и Џастин кои заедно работеа на филмот „Ова завршува со нас“ трае веќе неколку месеци, а неодамна актерите и поднесоа тужби, пишува „Дејли мејл“.

Како што сега тврдат изворите, во целата ситуација сега би можел да биде вовлечен и актерот Хју Џекман, кој глумеше со Рејнолдс во филмот „Дедпул и Волверин“. Имено, Џекмен би можел да биде повикан на сослушување пред судење бидејќи адвокатскиот тим на Балдони се обидува да го достигне „целосниот степен на однесувањето на Рајан“ за време на снимањето на „Ова завршува со нас“.

„Хју ќе мора да оди на испитување ако ова оди на судење. Нема шанси да не го стори тоа. Тимот на Балдони прави сé што може за да дојде до целосна мерка на однесувањето на Рајан за време на снимањето на ‘Тоа завршува со нас’“.

Депонирањето или испитувањето е дел од предистражниот процес каде што сведоците се испрашуваат под заклетва. Ова им помага на адвокатите да го подготват случајот пред судењето, но не значи дека тој автоматски ќе оди на судење.

Изворот истакна дека Џекмен помогнал во промовирањето на филмот „Ова завршува со нас“ и дека Рајан изгледа бил вклучен во некои негативни разговори за Балдони.

„Малку е веројатно дека Хју не е свесен за ова. Не само тоа, туку Хју помогна да се промовира филмот на ист начин како што направи Тејлор кога направија групна фотографија на вкрстена промоција со ‘Дедпул и Волверин’. Времето на премиерите не е случајно“, истакнал изворот.

Адвокатот на Балдони, Брајан Фридман неодамна се појави во „Шоуто на Мегин Кели“, каде изјави дека во филмот „Дедпул и Вулверин“ се пошегувале на сметка на Балдони преку ликот на Ниспул. Тој лик во филмот имаше машка пунџа, истата фризура што ја носеше Балдони во минатото. Ниспул зборуваше за социјалниот активизам во неговите дијалози, што сугерира дека Џастин бил главна инспирација во создавањето на ликот.

Да потсетиме, Блејк го тужеше Џастин за сексуално вознемирување, непријателско опкружување на снимањето и организирање кампања за оцрнување против неа. Тој одговори со тужба против неа, именувајќи го и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс во тужбата. Во својата тужба Балдони ја спомна и Тејлор Свифт на која тоа воопшто не ѝ се допадна и неодамна се огради од некогашната блиска пријателка Блејк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!