Ирански систем за воздушна одбрана свети над центарот на Техеран, Иран, 13 јуни 2025 година. Израел започна напади врз Иран и неговиот главен град Техеран рано на 13 јуни. EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Нов напад на Израел врз Иран, експлозии кај постројка за збогатување ураниум

Израелскиот воздушен напад врз Иран го оштети главниот објект за збогатување ураниум во земјата и уби неколку од најмоќните луѓе во земјата. Ова е новиот бран на напади на израелската војска вечерва откако претходно ги таргетираше иранските нуклеарните постројки, јавува Би-би-си.

Иранската новинска агенција ИРНА објави дека системот за воздушна одбрана на Техеран пресретнал непријателски ракети и дека се случиле две експлозии во близина на нуклеарниот погон Фордоу, јужно од Техеран.

Според Би-Би-Си, сирени за воздушен напад се слушнале и во Израел, каде што жителите биле предупредени да останат близу до заштитените подрачја и да го намалат движењето и времето поминато на отворено.

Сирените се огласија откако израелската војска објави дека идентификувала ракета лансирана од Јемен кон Израел. Според првичните извештаи, таа паднала во Хеброн, на Западниот Брег.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, вети одмазда за израелските напади во снимена порака до нацијата, упатена додека иранските ракети летаа кон Израел. Хамнеи рече дека војската е подготвена за контранапад.

„Немојте да мислите дека тие удрија и дека е готово. Не. Тие ја започнаа работата и ја започнаа војната. Ние нема да им дозволиме безбедно да избегаат од ова големо злосторство што го извршија“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот