јсп читач/фото Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

Нов начин на плаќање со мобилен во автобус, од утре стартува и новата апликација „Скопјебас“

Од вчера стартуваше новиот начин на плаќање билет за едно возење преку бројот 185, со СМС порака во автобусите на ЈСП „Скопје“. Од претпријатието информираат дека од утре ќе биде прекинато функционирањето на мобилната апликација „скопска“ и ќе биде пуштена во функција новата мобилна апликација „Скопјебас“ (Skopjebus), која може да се преземе преку мобилните апликации Play Store за корисниците на андроид телефоните и App Store за корисниците на ајфон.

Со инсталирањето и логирањето на новата апликација сите средства кои корисникот ги поседувал досега во паричникот, автоматски ќе бидат префрлени на неговата сметка во новата апликација. Упатството за новата апликација го добивате едноставно преку скенирање на QR кодот кој можете да го најдете во сите автобуси за градски превоз, што ќе ве однесе директно до локацијата со упатствата за користење – објаснуваат од ЈСП.

Од претпријатието објаснуваат и на кој начин ќе функционира новиот начин на плаќање преку СМС порака.

• Патникот од својот мобилен телефон врти на бројот 185 при што слуша “бип“ сигнал и говорна порака „Купивте билет за едно возење со цена 40 ден. во HH:MM“

• При вртење на бројот 185 не е потребно телефонот да се приближува до валидаторот.

• Наплата се врши во истиот момент кога корисникот го завртил бројот 185 и го слушнал “бип“ сигналот без разлика дали е докрај исслушана говорната порака.

• На мобилниот телефон стигнува потврдна СМС порака во која ќе пишува “Купивте билет за едно возење со цена 40 ден. во HH:MM“ .

Доколку патникот има проблем со телефонската сметка можно е да добие пораки дека трансакцијата е неуспешна, затоа што нема доволно средства на сметката или пораки од типот „трансакцијата е неуспешна, имате активирано забрана, јавете се кај вашиот оператор“, „веќе купивте возен билет, обидете се подоцна“, „трансакцијата е неуспешна поради технички причини“ или „трансакцијата е неуспешна, имате надминат лимит за користење на оваа услуга”.

Инаку, цената на билетот за плаќање сомобилен не се менува и останува 40 денари со вклучен ДДВ.

Фото: ЈСП „Скопје“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот