Нов момент за случајот со убиството на менаџерот на Баба Старс: Таткото останува уште еден месец во притвор за да не уништи докази

Основниот суд во Приштина му одреди мерка притвор во траење на уште еден месец на Скендер Красниќи, осомничен за убиството на неговиот син Алберт Красниќи, пишува Газета експрес.

ВИДЕО I По убиството кое косовската јавност ја остави во шок стотици луѓе, естрадни уметници и политичари се збогуваа со Алберт Красниќи: На погребот неговата мајка се онесвести

Судијата на претходна постапка оцени дека мерката притвор е соодветна мерка за непречен развој во ова кривично дело, бидејќи според него постојат околности што покажуваат ризик доколку обвинетиот С.К. може да уништи, прикрие, измени или фалсификува докази за кривично дело влијаејќи врз сведоците, кои се роднини на обвинетиот, како и земајќи ги предвид начинот и околностите во кои се сомнева за кривичното дело, укажува на ризик дека доколку обвинетиот ќе биде пронајден на слобода постои ризик да се попречи текот на кривичната постапка.

Дојдете, го убив син ми: Бизнисмен и поранешен менаџер на познатите рапери „Бабастарс“ е убиен во Приштина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот