Норвешка ќе и донира 22 борбени авиони „Ф-16“ на Украина

Норвешка ќе и предаде на Украина вкупно 22 ловци „Ф-16“, од кои 12 се целосно во борбена готовност и уште 10 авиони кои може да бидат операбилни. Во пакетот се предвидени и некои воздушни рамки за кои може да бидат потребни значителни ремонти, пренесува „Киев пост“.

Во донацијата ќе бидат вклучени мотори, помошни материјали, симулатори, резервни делови и друга релевантна опрема, се вели во написите во дел од медиумите кои ја пренесоа веста.

Други извештаи велат дека авионите ќе бидат мешавина од борбени авиони со едно седиште и авиони-ловци кои ќе се користат за обука и кои имаат две седишта.

Норвешките воздухопловни сили, во јануари 2022 година, ја пензионираа својата флота од ловци „Ф-16“ произведени од „Локхид Мартин“ по 30 годишна служба.

Image: Darek Buczynski vía Forsvaret

Осло, во 2023 година, продаде 32 од своите стари „Ф-16“ на романските воздухопловни сили, а кон крајот на 2023 година, префрли две тренинг летала во Данска за украинските пилоти таму да вежбаат борбени мисии.

Авионот од четврта генерација, произведен од 1970-тите и со кој управуваат повеќе од дваесет воздухопловни сили ширум светот, според многу мерила е најпопуларниот и најуспешен борбен авион кој се уште е во функција денес.

Според извештаите на норвешките медиуми, моделите „Ф-16“ што Украина ќе ги добие од Норвешка ќе бидат надградени со електроника и сензори од ерата на 2000-тите, што ќе ги направи технолошки супериорни во однос на кој било авион управуван од украинските воздухопловни сили и споредливи или подобри од повеќето ловци управувани од руските воздухопловни сили.

Фото: EPA-EFE/ALEXANDROS BELTES

Најнапредните ловци на Кремљ – особено борбените авиони Су-35 и Су-57 – се опремени со радари и други сензори супериорни во однос на електрониката на „Ф-16“ што Украина е на пат да ги добие.

Таа предност би можела да им даде на руските пилоти моќна предност при првиот истрел при откривање и пукање врз украински пилот во „Ф-16“.

Руските воздухопловни сили, од инвазијата на Кремљ на Украина во 2022 година, управуваат со мал број авиони Су-35 во борба, речиси секогаш зад фронтот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот