
Ноќеска уапсени шестмина пијани возачи – едниот со 2,11 промили алкохол
Шестмина пијани возачи уапсила полицијата ноќеска во шест различни градови во земјава. Најмногу алкохол во крвта 2,11 промили, биле измерени кај кичевчанец кој бил фатен како вози „бмв“ низ кичевските улици. На „Рузвелтова“ во Скопје бил уапсен скопјанец кој пијан возел „пасат“.
Препорачано
-При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал И.Г. и по преземени мерки, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,66 промили алкохол во крвта – соопшти МВР.
Во исто време во Куманово уапсен бил дваесет и шестгодишен кумановец со „ауди“ и 1,77 промили алкохол во крвта.
-На 04.10.2025 во 04:30 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Х.Е.(38) од Охрид. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, кое тој го управувал, и притоа, кај него констатирале 1,50 промили алкохол во крвта.
На 04.10.2025 во 00:30 часот на улица „Магистрален пат“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода В.А..(52) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал и притоа, кај него констатирале 2,11 промили алкохол во крвта – се додава во соопштението од МВР.
Во Велес уапсен бил дваесет и деветгодишник кој возел „ауди“ со 1,86 промили алкохол во крвта. Во Кавадарци бил пак уапсен неготинчанец на улица „Шишка“со 1,60 промили алкохол.
– Лицата се исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица. По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“ – соопшти МВР.