Фото: Профимедиа

Ниту еден цвет на ковчегот на кралицата не е случаен и открива многу за кралот Чарлс

Кралицата Елизабета Втора денеска ќе биде погребана во Вестминстерската сала. Кралот Чарлс Трети, со својот избор на цвеќе во венецот, оддаде трогателна почит на нераскинливата врска меѓу неговата покојна мајка и татко – но и покажа колку е големо неговото знаење и љубов кон ботаниката.

Венецот содржи цвеќиња и зеленило исечени од градините на Бакингемската палата, вилите Кларенс и Хајгров – и секој дел од венецот има скриено значење. Цветниот аранжман вклучува рузмарин, кој симболизира сеќавање. Има и мирта, која е „древен симбол на среќен брак“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeff Overs (@oversnap)


Во специјален гест за кралицата и принцот Филип, миртата беше исечена од истото дрво како и растението што се најде во нејзиниот свадбен букет во 1947 година.

На венецот има и англиски даб, кој ја симболизира „моќта на љубовта“. Исто така, има миризливи гераниуми, рози, далии и други видови цветови.


Дури и боите кои доминираат на венецот се внимателно избрани за да одговараат на кралскиот грб на кој се поставени.

Кралот Чарлс, исто така, побара венецот да биде направен на „целосно одржлив начин“ и да седи на гнездо од англиски мов и дабови гранки без употреба на цветна пена.


Погребот започна во 11 часот во Вестминстерската сала. Mилиони ожалостени луѓе и оддадоа почит на саканата кралица во изминатите седум дена.

ВИДЕО | Новинар му се пожали на кралот Чарлс дека чекал 15 часа: Следеше неочекуван одговор

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот