Ренато Санчез ќе игра за париските „светци“/Фото: EPA-EFE/Kiko Huesca

Ништо од Саул, Барселона добива помош од супер агентот Мендеш

Управата на Барселона во летниот преоден рок освен потписот на новиот договор со Лионел Меси, има уште една цел, да го засили средниот ред.
Преговорите во Атлетико Мадрид се прекинати бидејќи Барселона бара дополнителна сума на пари или уште еден играч во замена за Антоан Гризман. На шпанските медиуми им е јасно дека нема да има ништо од размената со Атлетико Мадрид и Саул Нигез наместо на „Камп Ноу“ најверојатно ќе заврши во Премиер лигата. Поради тоа во прв план излезе Ренато Санчез.

Весникот „Ас“ пишува дека зад евентуалниот трансфер на Санчез во Барселона стои супер агентот Жорге Мендеш кој го застапува фудбалерот и сака да им помогне и на каталонскиот тим и на Португалецот.

Наводно, Мендеш ќе му предложи на актуелниот тим на Санчез, Лил, да и излезе во пресрет на Барселона и фудбалерот наредната сезона да ја помине на позајмица со задолжителен откуп наредното лето кога каталонскиот тим би требало да ги реши финансиските проблеми.
Тренерот на Барселона, Роналд Куман наводно дал зелено светло за реализација на оваа идеја, Ренато Санчез се вклопува во неговата визија за кого смета дека би бил идеален партнер на Френки де Јонг и на Педри во средниот ред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот