Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Ништо од разводот полн со „љубов“: Хју Џекмен одбива ѝ даде повеќе пари на поранешна сопруга, но таа не се откажува

И покрај тоа што ветија дека ќе се разделат со „благодарност, љубов и добрина“, односите меѓу Хју Џекман и Дебора-Ли Фурнес нагло се влошија, а поранешните сопружници сега се заглавени во безмилосна борба за пари, пренесува „Мирор“.

Дебора (69) и Хју (56) го објавија крајот на нивниот 27-годишен брак во септември 2023 година, велејќи им на фановите дека „го менуваат правецот“ и дека решиле „да се разделат за да го продолжат својот индивидуален раст“.

И додека во јануари беа толку блиску до конечно поднесување барање за развод во Њујорк, два месеци подоцна, некогаш среќниот холивудски пар се најде во неволја затоа што Фурнес верува дека има право на повеќе пари, а Џекман го одбива сето тоа.

„Хју и Дебора сè уште не поднеле барање за развод бидејќи се борат да постигнат договор за поделба на имотот. Дебора-Ли чувствува дека има право на повеќе пари отколку што Хју е подготвен да ѝ понуди“, вели изворот.

Нејзиното инсистирање да добие поголем дел од нивното богатство проценето на 250 милиони долари беше делумно поттикнато од „матните“ почетоци на неговата романса со актерката Сатон Фостер.

„Иако тој физички не ја изневерил со Сатон, Дебора-Ли верува дека тие имале емотивна афера и чувствува дека ја изневерил“, продолжил изворот.

Нивниот брак почна да се распаѓа за време на пандемијата со коронавирусот, во исто време кога започна пријателството на Џекмен со Фостер, неговата колешка од бродвејската претстава „Музичкиот човек“ („The Music Man“) од 2022 година.

Тие конечно ја потврдија својата врска во јануари, кога се забележани како се држат за рака додека излегуваат од ресторан во Лос Анџелес.

Со оглед на тоа дека значителна сума на пари е во игра, Дебора-Ли е решена да го добие она што верува дека го заслужува од разделбата. Таа против него го користи фактот дека Хју е сè уште оженет и во паралелна врска со друга жена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот