Претседателот на Финска, Саули Нинисто / Фото EPA-EFE/FILIP SINGER

Нинисто ја повика Европа да инвестира во производството на оружје

Европа треба да биде силна не за да води војна, туку да гарантира мир, рече финскиот претседател Саули Нинисто, повикувајќи ја Европа да инвестира во производството на оружје.

Според него, инвестициите во производството на оружје се неопходни не само за да се обезбеди потребната помош, туку за силна Европа.

-Силен, не да води војна, туку да гарантира мир, рече Нинисто во обраќањето до нацијата.

Тој додаде дека од Европејците се очекува да бидат поодговорни кога станува збор за безбедноста.

-Очигледно се очекува од Европејците да преземат поголема одговорност. Јасното и брзо прифаќање на оваа одговорност е најдобриот одговор на сите шпекулации за влијанието на американските избори врз безбедносната соработка, рече финскиот претседател.

Според него, најважните групи за поддршка на Финска се ЕУ и нордиските земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот