Нина Бадриќ / Фото: Инстаграм/Нина Бадриќ

Нина Бадриќ со срцепарателна порака за татко ѝ: „Поминаа речиси 11 години откако не си со мене…“

Хрватската пејачка Нина Бадриќ денес, на Денот на татковците, сподели посебна, емотивна објава за својот татко на социјалните мрежи.

„Поминаа речиси 11 години откако не си со мене, а гледаш… Секој ден се сетувам на тебе. Некој ќе каже некоја реченица, а јас ќе помислам: ‘Ех, и тато би го рекол истото.’ И во сè твое се препознавам себеси… Не стигнав да ти кажам дека за сè беше во право, тато. Само тогаш не разбрав. Беше мојата чест, благост, нежност, скромност и потпора. Чувајте ги вашите родители додека сè уште се тука, покрај вас, бидејќи кога ќе заминат, овој свет добива сосема поинаква боја. Среќен Ден на татковците“, порача музичката ѕвезда.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)


Неодамна, на Денот на жената, Бадриќ сподели емотивна објава и за својата мајка.

„Среќен Ден на жената на сите неверојатни жени кои поминале низ мојот живот и ме научиле како да станам најдобрата верзија од себе. А посебно среќен Ден на жената на мојата најсилна мама, најголемата лавица и најхрабрaта жена што ја познавам“, напиша тогаш пејачката во описот на објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот