Авиони/ Фото: Архива на Слободен печат

Николоски: Воведовме нова авиолинија која ги поврзува скопскиот и парискиот аеродром „Орли“

Министерот за транспорт, Александар Николоски ја потврди информацијата за поврзувањето на Скопје и Париз преку авиокомпанијата „Изиџет“. Преку оваа авиолинија ќе може да се лета директно од скопскиот аеродром до парискиот аеродром „Орли“ кој се наоѓа поблиску до центарот на Париз.

– Најнова вест е дека авиокомпанијата „Изиџет“ формално поднесе документи во Министерството за транспорт, за авиолинијата Скопје-Париз до аеродромот „Орли“, којшто е најблиску до центарот на Париз – изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој додаде и дека следува уште една директна линија која ќе ги поврзува Скопје и Амстердам, за која тој вели дека е огромна можност за туризмот поради тоа што Македонија е атрактивна дестинација за Холанѓаните.

Николоски потенцираше дека во наредниот период се очекува да бидат потврдени уште 3-4 дестинации до кои ќе се лета од македонските аеродроми. Во однос на состојбата во која како министер ги затекнал аеродромите во државата, тој истакна:

-Во услови каде приштинскиот аеродром го надминува скопскиот, а охридскиот ќе добие сериозна конкуренција со аеродромот во Валона којшто се гради во моментов, како и во помалите грчки аеродроми во северниот дел на Грција, сфатив дека мора да направиме драстична промена. Таа промена ја направивме со политиката на субвенционирање на летови, каде што прво субвенциите ќе одат по патник којшто доаѓа во Македонија, а не по патник којшто заминува од државата, како што правела претходната власт. Второ, драстично се зголемени субвенциите, и за охридскиот аеродром се повисоки од скопскиот, со цел привлекување на туристи. Тоа ги даде првите резултати и веќе имаме 8 нови линии. Од Скопје ќе се лета до Дубаи, Барселона, Лион и Штутгарт, а од Охрид како дестинации се потврдени Базел и главниот аеродром во Истанбул“, истакна Николоски, кој додаде дека поврзувањето со овој аеродром во Истанбул веќе донесе и резервации на карти од Сиднеј, Вашингтон, Торонто и други светски метрополи до Охрид – истакна вицепремиерот Николоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот