Николоски: Бугарите наскоро ќе дојдат во Скопје на состанок за пругата

Во последната недела од ноември претставници од Бугарија треба да дојдат во Скопје за да продолжат разговорите за железничкото поврзување, изјави министерот за транспорт и врски Александар Николоски.

– На последниот состанок во Софија, согласно официјалниот записник, договорено е е дека треба да се направат две работи. Првата работа којашто треба да се направи е да се направи заедничко проектирање за тунелското решение коешто треба да ги поврзе двете држави, втората е заеднички да се избере изведувач, што е единственото логично што може да се направи, и третата работа е во однос на делот од македонска страна да се направи ревизија на проектот и на цените, затоа што мислам дека никој не е наивен да верува дека 24 км треба да чинат 560 милиони евра – рече Николоски одговарајќи на новинарско прашање на дебатата што ја организираше Сојузот на стопански комори по повод нејзиниот 20-ти роденден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот