Александар Николоски / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Николоски: Арсовска прави спектакли поддржани од ДУИ, Градот ја има сета надлежност за дивоградбите

Заврши спинот и градењето скандал за дивоградби во Чаир, спин упатен против владата, од страна на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и тоа заврши со нејзино кратко замолчувања, рече вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски од собраниската говорница.

-Министерството за транспорт и врски има надлежност да постапува само за градби од А категорија, а за градбите за кои говори секојдневно градоначалничката од Град Скопје надлежен е Градот – изјави попладнево Николоски одговарајќи на пратеничко прашање од Славјанка Петровска дали провериле што се случува во општина Чаир каде, според објавите на скопската градоначалничка, се градат дивоградби.

Николоски ги оцени настапите на градоначалничката Данела Арсовска како спектакли, посочувајќи дека како градска власт има право да постапи доколку се утврди дека одредени објекти се дивоградби.

– Мислам дека е коректно да се информира јавноста дека целосна надлежност има градоначалникот на Град Скопје со соодветната градежна инспекција и наместо да се прават спектакли, нека излезат со градежна инспекција и нека утврдат. Доколку има дивоградби, истите треба да се срушат. Доколку не сака да ги сруши инвеститорот, треба градот да распише тендер за фирма за рушење и таа фирма да ги сруши, а потоа трошоците паѓаат на товар на оној кој бесправно градел. И да поднесе сооветна пријава до надлежното обвинителство и кривично да се одговара, а целокупниот имот доколку е изграден на земјиште на Република Македонија, затоа што има и такви индиции што се изнесуваат во јавноста, се конфискува.

Според Николоски, сета активност на Арсовска во врска со овие дивоградби е, како што вели, спектакл за јавноста мотивиран од политичката партија ДУИ и нејзини високи функционери со кои градоначалничката има одредени релации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот