Марго Роби, Кајли Џенер, Никол Кидман - Фото: Принтскрин/Јутјуб

ВИДЕО | Никол Кидман повторно во „првите редови“ по болниот развод, придружена од Марго Роби и Кендал Џенер на ѕвездениот „Шанел“ настан

Многу познати лица се собраа на еден од најголемите настани на Модната недела во Париз во понеделникот, на модната ревија на „Шанел“.

Само најсјајните имиња од модниот свет добија покана за оваа гламурозна ревија, одржана во Гранд Пале Ефемер – Париз, меѓу кои беа и неодамна разведената Никол Кидман, Марго Роби, Кендал Џенер и Наоми Кембел. Актерката Никол, која има 58 години се појави на ревијата облечена во стилска комбинација, само неколку дена по разделбата со нејзиниот сопруг Кит Урбан, пренесува „Дејли Мејл“.

Никол минатиот вторник ја објави својата разделба со што стави крај на нивниот некогаш стабилен брак кој траеше 19 години.

И покрај болката, изгледаше прекрасно на ревијата на „Шанел“, носејќи преголема бела кошула и сини панталони. За настанот се појави со нова фризура и изгледаше беспрекорно со свеж, сјаен изглед.

На ревијата ја поддржаа нејзините две ќерки, Сандеј (17) и Фејт (14) кои ги има со Урбан и позираа заедно на фотографите.

Во меѓувреме, актерката Марго Роби (35) ги покажа своите стомачни мускули во краток горен дел и темносин комплет, додека самоуверено позираше пред камерите.

Моделот Кендал Џенер (29) исто така го покажа својот затегнат струк во кратка црна јакна и здолниште, а изгледот го надополни со високи потпетици.

Таа додаде црвена чанта како моден детал и ја носеше темната коса во боб стил додека позираше за фотографите.

Пенелопе Круз се реши за поедноставен изглед црна кожена бомбер јакна и беж панталони.

Џеф Безос и неговата сопруга Лорен Санчез исто така присуствуваа на настанот, при што Лорен носеше длабоко деколтирана црно-бела тоалета.

Првиот „Шанел“ моден настан беше под водство на Матијо Блази, кој ја презеде функцијата во април. Неговиот дебитантски настап означи и приближување кон крајот на Модната недела во Париз.

Ревијата се совпадна и со тоа што Ајо Едебири стана ново лице и амбасадорка на француската модна куќа.

За потсетување, Кидман поднесе барање за развод во вторникот, наведувајќи „непомирливи разлики“, а извор за „Дејли Мејл“ тврдеше дека Урбан веќе започнал нова врска со помлада жена од музичката индустрија.

Двојката последен пат се појави заедно во јавност во јуни годинава, кога беа фотографирани на натпревар од Светското првенство во фудбал во Нешвил, Тенеси.

Во меѓувреме, Кидман и децата останаа во Нешвил, каде што семејството поседува имот вреден 4 милиони долари.

Во јули, Урбан даде навестување дека нешто не е во ред во бракот, кога ја прекина телефонската врска за време на радио-интервју откако му беше поставено непристојно прашање во врска со разголени сцени на Кидман во нејзините понови филмови „Babygirl“ и „A Family Affair“.

„Нема совршено ништо“ рече таа. „Сè што се претставува како совршено … заборавете го тоа.“

Почетокот на истата година, Кидман изјави дека е „многу среќна“ што го запознала пејачот.

„Толку сум среќна што го имам Кит, тој е мојата љубов, мојата длабока, длабока љубов“, изјави за списанието „Пипл“.

Урбан откри дека се борел со зависност кога првпат ја запознал Никол, но со нејзина поддршка успеал да ја надмине.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот