
ФОТО | Никој не верува дека е на прагот на деветтата деценија: Ова е мајката на Џенифер Лопез
Латино дивата, Џенифер Лопез (55) ѝ го честиташе 79-от роденден на својата мајка Гвадалупе Родригез. Иако не објавува често фотографии од семејството, овој пат имаше одлична причина за тоа, а следбениците покрај убавите желби во коментарите напишаа и пофалби за нејзиниот младешки изглед.
Препорачано
„Среќен роденден мамо!! Те сакам многу! Ти благодарам што секогаш си тука за мене“, напиша Лопез под фотографијата.
Гвадалупе многу добро разбира низ што поминува нејзината ќерка бидејќи и самата поминала низ развод. По 33 години брак и три ќерки, се разведе од таткото на Џенифер, Дејвид Лопез.
View this post on Instagram
Џенифер сега се обидува да се фокусира на работата, децата и семејството бидејќи веројатно ова е една од потешките години во нејзиниот живот, бидејќи години по нејзината голема венчавка со Бен Афлек, со кого беше свршена речиси 20 години претходно, Лопез поднесе барање за развод овој август. Љубовта и овој пат не издржа.
Потсетуваме, тие се верија на крајот на 2002 година, но неколку дена пред свадбата во септември 2003 година откажале сè. Велат дека биле под притисок на медиумите и дека биле уништени од преголемото медиумско внимание. Официјално раскинаа во 2004 година, а потоа се обидоа 16 години подоцна, но и овој пат не успеаја.