Аргентинците тврдат дека се испочитувани сите протоколи/ фото: EPA-EFE/Sebastiao Moreira

Никој не ни кажа дека тие фудбалери не можат да играат

Селекторот на Аргентина Лионел Скалони е разочаран што натпреварот на „гаучосите“ против Бразил е прекинат.

Најголемото репрезентативно фудбалско дерби на светот започна, но во седмата минута беше прекинато кога претставник на здравствените власти на Бразил влета на теренот. Официјалното соопштение гласеше дека тоа е направено бидејќи не можело да се обезбеди здравствена контрола, а спорни биле четворица аргентински фудбалери Мартинез, Ромеро, Ло Селсо и Буендија кои доѓааат од Велика Британија и според бразилските закони мора да поминат 14 дена во карантин.

Невиден скандал: Здравствените власти го прекинаа дербито помеѓу Бразил и Аргентина

– Ниту еден момент не ни беше кажано дека тие не можат да играат на натпреварот. Ние сакавме да играме, исто како и бразилските фудбалери и овие настани ме растажија. Не сакам да навлегувам во расправии дали некој бил во право или не, но теренот не беше место за таква интервенција. Сакам сите Аргентинци да знаат дека како селектор мора да ги бранам своите играчи – изјави Скалони.

Дека правилата и протоколите се почитувани, односно е добиена дозвола да настапат четворицата фудбалери потврди и претседателот на фудбалската федерација на Аргентина, Клаудио Тапија.

-Мислам дека на можеме да зборуваме за некакви лаги или нешто слично. Постојат јасни здравствени протоколи и датуми за натпревари кои ги одреди ФИФА, власите на секоја земја поединечно ги одобруваат протоколите и ние се придржуваме кон истите. Ние дури дојдовме со чартер лет, но вечерва го доживеавме ова. Четири лица кои не носеа маски го прекинаа натпреварот – изјави Тапија.  

Суперкласико дефинитивно е откажано, а Меси е лут како рис: Тука бевме три дена, зошто не ни кажавте порано

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!