
Никогаш не го перете ова во машина за перење: Mоже да предизвика сериозни оштетувања
Иако на многумина им изгледа како практично решение, перењето на подлога за во купатило во машината за перење може да предизвика сериозно оштетување на апарато, предупредува експертот за поправка на апарати Скот Флинт.
Препорачано
Со повеќе од 30 години искуство, Флинт објаснува дека по туширање, подлогите се полни со вода и стануваат потешки отколку што машината може безбедно да се справи.
Флинт истакна дека модерните машини за перење не се направени за да се справат со тежината и силата што се создаваат од натопените предмети за време на циклусот на центрифугирање.
„Мокрите подлоги во бањата буквално можат да ви ја растргнат машината за перење“, предупредил тој.
Друг чест проблем е гумената страна на подлогите, која служи за спречување од лизгање. При високи температури за време на перењето, гумата почнува да се распаѓа и може да го затне моторот или пумпата за одвод. Дури и ако подлогата нема гумен дел, густите ткаенини може да предизвикаат затнување и да го оштетат барабанот на машината.
Флинт ги советува корисниците да ја проверат својата машина со нежно притискање на барабанот: ако слушнат силен звук на удирање, можно е барабанот веќе да е оштетен.
Сепак, мислењата на корисниците се поделени. На Инстаграм неколку домаќинки тврдат дека со години без проблем перат килими и подлоги во своите машини. Без разлика на искуството, експертите советуваат внимателност за да се избегнат непотребните трошоци и дефекти на машината.