Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Ник Кирјос ѝ помогнал на полицијата да фати крадец на автомобили

Aвстралискиот тенисер Ник Кирјос и помогнал на полицијата да човек кој на неговата мајка и се заканувал со пиштол, а потоа и го украл и автомобилот, пренесуваат медиумите.

Според информациите Кирјос ја користел апликацијата Тесла за да го следи возилото додека тој бил во бегство од полицијата во понеделникот наутро во Камбера. Крадецот вперил пиштол во мајката на Кирјос и ги побарал клучевите од автомобилот, кога влегол во автомобилот таа побарала помош.

Кирјос кој бил во близина веднаш повикал полиција и помогнал да се влезе во трага на сторителот. Крадецот бил уапсен во моментите кога бил во близина на едно училиште.

Станувало збор за лице кое било познато на полицијата затоа што птреходно против него биле поднесени пет други обвиненија за грабежи.

Кирјос минатата година стигна до финалето на Вимблдон и четвртфиналето на Отвореното првенство на САД, но не одиграл ниту еден официјален меч откако се повлече од турнирот во Јапонија поради повреда на коленото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот