„Ние паметиме“: Потомци на Евреите од Македонија испратија порака пред клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола

„Без сеќавање нема иднина“ и „Ние паметиме“, порачаа попладнево потомци на македонските Евреи пред бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, по повод одбележувањето на 80-годишнината од холокаустот и депортацијата на Евреите од Македонија во логорот на смртта Треблинка во Полска.

– Битола денеска одбележа 80 години без Евреите кои беа културното и трговското јадро во градот. И додека сите си споменуваа за заедничкиот мултиетнички живот, портите на клубот „Ванчо Михајлов“ ги сопнаа потомците на битолските Евреи – истакнаа директорот на Фондот на холокаустот, Горан Садикаријо, внукот на Хаим Садикарио, преживеан од холокаустот, и претседателот на Фондот на холокаустот, Иван Николиќ, правнук на последниот битолски рабин, Аврам Романо, пред просториите на бугарскиот клуб.

Во Офицерскиот дом Битола денеска се одржа комеморација по повод одбележувањето на 80-годишнината од холокаустот на македонските Евреи.

Историјата памети дека ноќта помеѓу 10 и 11 март 1943 година, еврејските населби во Битола, Штип и Скопје биле опколени од бугарската војска и полиција. Во раните утрински часови, на 11 март, започнало собирањето на Евреите кои ќе бидат префрлени во Државниот монопол во Скопје, од каде што во три наврати депортирани во логорот Треблинка во окупирана Полска. Во Треблинка биле убиени 7.144-те македонски Евреи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот